ДРАМА ПОРАДИ ПОЖАРОТ НА КРФ И ЕВИЈА: Почна итна евакуација, на жителите и на туристите им беше наредено да се упатат кон чамците
Евакуацијата на туристите и локалните жители почна и на грчкиот остров Крф, поради пожарот што беснее од вчера.
Крф во ноќта меѓу неделата и понеделникот издаде наредба за евакуација поради страшните пожари кои го зафаќаат островот.
На луѓето во областите Санта, Мегула, Порта, Палија, Перитија и Синија на островот им беше кажано да се евакуираат. До нив биле испратени чамци за евакуација, но засега е невозможно да се процени колку туристи има во овие области.
На жителите од четири области – Ливади, Потами, Пернараки и Платанисто – им беше кажано да се евакуираат како мерка на претпазливост и да се движат кон областа Каристос.
Вчера, според одредени проценки, беше наредена евакуација на околу 30.000 луѓе од островот Родос , кој беше најтешко погоден од пожарите.
Евакуирани се и српските туристи на Родос
Поради пожарот што го зафати грчкиот остров Родос, две групи српски туристи мораа да се евакуираат од јужниот дел на Родос , потврди за Нова.рс директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.
Како што истакна Сеничиќ, агенцијата „Travelland“ имала гости во хотелот „Mitsis Village“ кој се наоѓа во Киотари на југот од островот. Тие беа успешно евакуирани. Исто така, од истото подрачје се евакуирани и 26 српски туристи кои престојувале на Родос по аранжман на агенцијата „Филип травел“.
Во тој дел од островот беа и гостите на Филип Травел. Од нив 26 се евакуирани и се безбедни. Дел од туристите веќе се во други сместувачки капацитети, каде што имаше места . Еден дел е во заедничко сместување во хотел во градот Родос и сега се планира враќање. Некои од гостите сакаат веднаш да се вратат назад, но мнозинството сакаат да го продолжат својот одмор“, објасни Сеничиќ.
Тој посочи дека на Родос во моментов има околу 1.000 српски туристи и дека повеќето од нив се во југоисточниот дел, кој не е загрозен.