ЗЕМЈОТРЕС НА КРИТ! Епицентарот во близина на градот во источниот дел на островот

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди поголем дел од источната половина на грчкиот остров Крит.

Грчкиот весник „Прототема“ пишува дека ова го соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил четири километри јужно од градот Аркалохори.

Засега нема извештаи за штети.