Драстична промена по разводот и хитот „Цвеќиња“: Некои разочарани, други воодушевени

По бурен период, промена која никој не ја очекуваше. Како ви се допаѓа новото издание на популарната пејачка?

Откако се појави на музичката и јавната сцена, Мајли Сајрус е русокоса, но се чини дека решила да го промени својот заштитен знак по големиот хит „Flowers“ кој уследи по нејзиниот развод со Лијам Хемсворт, само седум месеци откако се венчаа.

Таа објави честитка до новиот креативен директор на „Гучи“ кој дебитираше на модната недела во Милано, а на Инстаграм ја покажа својата нова боја на коса оставајќи ги изненадени нејзините обожаватели.

Пејачката сега е бринета – косата и е темно кафеава, а оваа промена привлече големо внимание во јавноста со оглед на тоа дека пред повеќе од десет години имала темни прамени. Некои потсетила и на почетокот на кариерата, па се запрашале дали можеби најавува некои нови проекти.