Добитник на Пулицеровата награда распали по Бајден: „Има шанса да се најде на листата на најглупавите американски претседатели“

Американскиот публицист Сејмур Херш, добитник на Пулицеровата награда, го обвини американскиот претседател Џозеф Бајден за глупавите постапки.

– Бајден секако има шанса да се најде на листата на најглупави американски претседатели по Втората светска војна. Разнесувањето на гасоводот за снабдување со гас на сојузниците за германскиот канцелар да има проблеми со напредокот на земјата и затоплувањето во домовите на граѓаните не е паметно – изјави публицистот за германското издание „Тичис Ајнблик“.

Новинарот претходно изјави дека е неизбежно актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, да доживее политичка катастрофа поради нападот на гасоводите „Северен тек“.