Отишла да го види бебето на својата најдобра другарка, па ги прекина сите контакти со неа: 1 детаљ откри сè – изби голем страм!

Дваесет и осумгодишната Хејли Кастер го доживеа најголемото понижување во животот пред две години кога по два месеци отиде да го види бебето на својата најдобра пријателка.

Таа отишла кај другарката без сопругот, што можеби било грешка, бидејќи доколку тој бил таму, целата сцена на средбата со детето ќе била уште повпечатлива за сите.

Хејли едвај чекала да го види детето на личноста која ја познавала од својата четиригодишна возраст и со која била неразделна.

Меѓутоа, кога го видела бебето и го гушнала, поради еден детаљ, веднаш отишла дома и повеќе не контактирала со својата пријателка.

– Дури и кога бев бремена на моите деца, а имаме четири, слушнав приказни дека мојот сопруг Тревис ме изневерува. Никогаш не го прифатив затоа што беше одличен, грижлив и посветен на мене. Меѓутоа, кога отидов кај мојата пријателка, сè се промени. Тревис имаше малку поголема, многу карактеристична бенка на вратот од самото раѓање, која веднаш ја видов на нејзиното бебе. Не можев да верувам. Ја фатив главата, ја погледнав пријателката во очи и само ја прашав: „Како можеше?“ Потоа излегов од нејзината куќа и никогаш повеќе не се видовме – вели Хејли од Викенбург за Caters News.

Кога на Тревис го притиснала да признае, се испоставило дека пријателката на Хејли е само една од низата жени со кои Тревис ја изневерувал.

– Ми кажа дека спиел со околу 30 жени додека бевме во брак! Светот ми се сруши и го избркав од дома – вели Хејли.

Додека се обидува сè уште да разбере што се случило во нејзиниот живот, Хејли истакнува дека повеќе е повредена од нејзиниот пријателка отколку од нејзиниот сопруг.

– Како што кажав, во текот на бременоста постојано слушав приказни за неговото неверство. Она што ме повреди беше тоа што мојата пријателка беше најважната личност во мојот живот, а јас бев најважната личност во нејзиниот. Бев со неа за време на нејзината бременост, ја однесов во болница да се породи, ја држев за рака додека добиваше епидурална инјекција. На крајот дознав дека има дете со него – вели Хејли.