Драстични промени на социјалната мрежа Твитер – Илон Маск: “Од следниот месец медиумите ќе можат да наплаќаат за читање текстови“

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа почнувајќи од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплаќаат за читање на нивните текстови.

Ова им овозможува на корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата да плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да ја прочитаат“, напиша Илон Маск на Твитер.

Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.

Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Илон Маск воведе низа промени во обид да ги зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од рекламирање, пишува The Guardian.

Илон Маск го намали бројот на вработени во Твитер од 7.500 на околу 1.500 луѓе, додава весникот.