“ДРЖАВАТА Е СИЛНА, ЌЕ ЈА БРАНИМЕ ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ!“ – Александар Вучиќ и порача на Србите: “Борците против насилството се покажаа како вистински насилници“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до својата нацијата по обидот за упад во Градското Собрание на Белград.

Александар Вучиќ вели дека сцените се драматични, но ги повика граѓаните да не се грижат.

Ниту една револуција не е во тек, ништо нема да успее. И ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“, порача претседателот на Србија.

Тој вели дека на улиците се собрале околу 2.490 луѓе.

Во овој момент заедно со оние кои сакаат да влезат во Градското Собрание има вкупно околу 1.900 луѓе. Некои вечерва го покажаа своето лице и дека насилството им е единствениот начин да се борат. Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, бидејќи знаат дека не можат да ја добијат довербата на народот“, посочи Александар Вучиќ.

Тој додава дека биле предупредени и странските набљудувачи кои се правеле наивни.

Им благодарам на оние странски служби кои ставија до знаење дека знаат што се подготвува, и дадоа информации до нашите служби, за да знаат што точно подготвуваат насилниците. Оние кои се колнат дека ќе се борат против насилството покажаа дека се вистински насилници. Сакаат да ни ги уништат градовите и државата“, истакна Александар Вучиќ.

Александар Вучиќ наведува дека од цела Србија пристигнале илјадници повици од луѓе кои сакаат да ја бранат државата, а тој ги замолил да не го прават тоа.

Државата е доволно силна и моќна, и ќе ја брани демократијата и изборната волја на граѓаните. И тоа е се што треба да знаете. Бунтовниците и насилниците ќе бидат приведени, а потоа ќе реагираат надлежните државни органи“, најави претседателот на Србија.

Тој вели дека многумина во регионот се радуваат и ја слават „револуцијата“ во Белград.

Тоа е производ на многу посериозни геополитички околности, во кои се обидуваат да ја урнат автономијата и независноста на Србија. Ќе ја зачуваме слободата на Србија, бидејќи тоа е највисоката вредност. Ние ќе ја браниме нашата Србија, само ве молам да го задржите мирот. Бидете мирни, земјата е безбедна и нема да дозволиме да ја уништат државата. Ќе си ја спасиме куќата. Да живее Србија, да живее слободата!“, заклучи Александар Вучиќ во своето обраќање.