Дрим тимот не е сместен во Олимпиското село туку во елитен хотел, вкупните трошоци се 14 милиони евра
Кошаркарската репрезентација на САД годинава на Олимписките игри има тим кој со право го нарекуваат „Дрим тим“, а тој статус е многу скап.
Во Олимпиското село се сместени повеќе од 14.000 спортисти, но нема големи американски кошаркарски ѕвезди.
Од 1992 година кога САД ги праќаат НБА играчите на Олимпијадата, тие никогаш не биле сместени во олимпиското село, па така е и овојпат.
Според информациите на Џастин Бирнбау, кошаркарската секција изнајмила неименуван хотел во центарот на градот со капацитет од 800 соби.
Во тој хотел се сместени машката и женската репрезентација на САД, а покрај играчите и стручните штабови, се наоѓаат и семејствата на спортистите, како и обезбедувањето, менаџери и претставници на НБА лигата.
Целиот луксузен третман чини околу 14 милиони евра, а во овие трошоци освен хотелот спаѓаат и чартер летови, превоз на опрема и се останато потребно на играчите до Париз, превоз до тренинзи и натпревари и се останато.
На пример, САД ќе издвојат меѓу 200 и 300 илјади евра за 20 веслачи на Олимписките игри, вклучувајќи ги апсолутно сите трошоци.
Team USA’s Basketball Superstars Are Staying Outside The Olympic Village—At A Cost Of $15 Million https://t.co/etie0Qio0j
— Forbes (@Forbes) July 31, 2024