ДРОН УБИЛ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Крваво утро во Курската област, меѓу загинатите има и 2 деца, беспилотно летало удрило во СТАНБЕНА ЗГРАДА
Гувернерот на Курската област Алексеј Смирнов соопшти дека во нападот на украинско беспилотно летало врз селото Городишече ноќта меѓу петокот и саботата загинале пет лица, додека двајца се тешко повредени.
Меѓу загинатите има и две деца.
– Беспилотно летало на вооружените сили на Украина нападна станбена зграда во селото Городишече во областа Рилски. Како резултат на воздушниот напад загинаа пет лица, додека двајца членови на семејството се во болница во тешка состојба – напиша Смирнов на својот канал Телеграм.
Повредените се префрлени во регионалната болница во Рилск.
Селото Городише се наоѓа недалеку од границата со Украина.