Дуа Липа потврди дека е во врска со грчко-францускиот режисер Ромен Гаврас

Англиско-албанската поп ѕвезда Дуа Липа на социјалните мрежи ја потврди врската со грчко-францускиот режисер Ромен Гаврас.

Се шпекулираше дека парот е во врска претходно оваа година во февруари. Сепак, врската беше потврдена кога Дуа Липа објави полароидна слика од парот на Инстаграм со црвен љубовен емотикон.

Ова може да предизвика возбуда во светот на озборувањата за познатите личности бидејќи Гаврас e поранешното момче на главната поп ривалка на Дуа Липа, Рита Ора; се шпекулира дека меѓу двete ривалki постои непријателство.

Дуа Липа и Ромен Гаврас

Во вторникот, поп пејачката сподели слика  на Инстаграм на која се гледа како парот се смее заедно. Црвениот емотикон беше можеби не толку суптилна потврда за она што многу љубители на музиката се сомневаа со месеци, дека парот навистина се забавува.

Дуа Липа беше сингл откако се раздели со нејзиното двегодишно момче, моделот Анвар Хадид, кон крајот на 2021 година, додека Гаврас се раздели со Ора во март истата година, по шест месеци врска.

Липа често беше споредувана со Ора бидејќи и двete имаат родители од Косово, посетувале исто театарско училиште во Лондон и наводно биле блиски пријатели пред да станат поп ривали.

Гласините за непријателство меѓу двете пејачки дополнително се зголемија кога уште едно од поранешните момчиња на Ора, Калвин Харис, соработуваше со Липа на нејзината песна  One Kiss  во 2018 година, вели  The Mirror .

Кој е Ромен Гаврас?

Ромен Гаврас, роден во Париз, е најмладиот син на францускиот новинар и филмски продуцент Мишел Реј-Гаврас и грчко-францускиот филмски режисер  Коста Гаврас . Неговите браќа и сестри, Џули и Александар Гаврас, се исто така филмаџии.

Гаврас е најпознат по неговата работа на музички спотови. Во 2012 година, тој го продуцираше музичкото видео за „Лошата девојка“ на МИА, кое собра повеќе од 130 милиони прегледи. Како резултат на неговата извонредна работа, тој доби неколку престижни награди, вклучително и наградата за видео музика на MTV за „Најдобро музичко видео“ и наградите за музички видео на Обединетото Кралство за „Најдобар режисер“, „Најдобро музичко видео на годината“ и „Најдобар Поп музичко видео“.

Истата година, Гаврас ја режираше „No Church in The Wild“ на Џеј Зи и Канје Вест, која доби популарна пофалба ширум светот. Подоцна, во 2016 година, тој доби Златен лав за музичкото видео „Gosh“ за Џејми XX на фестивалот Кански Лајонс.

По неговиот дебитантски игран филм „Нашиот ден ќе дојде“ (2010), во кој глумеше познатиот француски актер Винсент Касел, Ромен продолжи да го режира „Светот е твој“ (2018) со импресивна актерска екипа вклучувајќи ги Изабел Аџани, Винсент Касел, Карим Леклу. , и Франсоа Демиен. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот двонеделник на режисери во 2018 година и доби повеќекратни номинации за Цезар.

Последниот филм на Ромен, „Атена“  кој го води гледачот во одисеја низ гетата на Франција,  беше премиерно прикажан на Нетфликс  во октомври 2022 година.