Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика другите земји од НАТО да го зголемат производството на муниција за да ги одвратат потенцијалните напади од Русија, јави ДПА.
„Цела Европа треба да ги здружи силите со САД за да произведе повеќе (муниција), особено артилериски гранати. Тоа е неопходно за да се гарантира нашата безбедност, рече Дуда во интервју за литванската телевизија.
Дуда е во Литванија во врска со самитот во Вилнус на земјите од таканаречената иницијатива „Три мориња“. Групата обединува 13 земји-членки на ЕУ распоредени меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното Море.