Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска соопшти дека Русија би можела да изврши инвазија врз други земји доколку нејзините сили победат во војната против Украина.
Тој додаде дека предвидува нов воен притисок од Кремљ во наредните недели. Во интервју за Блумберг на маргините на Катарскиот економски форум, Дуда не рече дека нападот врз соседите на Украина е неизбежен, но предупреди дека сојузниците во НАТО се ранливи.
„Ако успеат да победат во Украина, ако успеат да ги остварат своите цели, ќе нападнат други земји. Тоа може да бидат балтичките земји, може да биде Финска, може да биде Полска“, рече Дуда.
Тој додаде дека се надева оти помошта за Украина ќе пристигне пред почетокот на новата руска офанзива која, според неговите очекувања, може да започне во пролетните месеци.
Полскиот претседател најави и дека неговата Влада нема да може да му испорача на Киев противракетна батерија „Патриот“, пишува „Блумберг“