ДУИ ќе предложи отворени листи за следните парламентарни избори

Демократската унија за интеграција (ДУИ) се изјасни за дебатата за измените на Изборниот законик. Оваа партија вели дека За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи.

– За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи. Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува. Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.