‘ДУПКА’ ВО СИСТЕМОТ – Колкава казна затвор може да добите таткото на ‘детето монструм’ !? Познат адвокат од Србија открива се: “Му се закануваат 8 години, но има проблем…“

Адвокатка од Србија, Ана Селак, изјавила за српските медиуми за можната казна што го чека таткото на момчето К.К. по масовното убиство извршено во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

В.К. (47 г.) таткото на момчето К.К. (13 г.), момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се товари за кривично дело против општата безбедност, кое е казниво со затворска казна до осум години, тврди адвокатката Ана Селак, додавајќи дека се уште не е убедена дека обвинителството ќе докаже дека кривичното дело е сторено.

Адвокатката изјавила дека иако таткото на момчето нелегално поседувал оружје, таа не е сигурна дека тој го сторил делото за кое се товари. Таа посочила дека таткото на малолетното момче може да биде обвинет за кривично дело запуштање малолетно дете за кое е предвидена казна до три години и посочи дека на Запад има кривично дело секој што придонесува за малолетник да стори кривично дело да одговара „дебело“, пишуваат соседните медиуми.

Одговорност може да се најде кај родителите, бабите и дедовците ако се грижеле за него и секој што придонесува малолетник да направи кривично дело“, објаснува адвокатката.

На прашањето дали постои можност малолетниот К.К. да бил свесен дека нема да одговара кривично со оглед на тоа што не наполнил 14 години и дека го испланирал делото, адвокатката објаснила дека оваа можност постои, како и дека делото е направено со умисла.

И да бил полнолетен сторител на делото, тоа е директна умисла, тоа би било отежителна околност за него“, кажала Ана Селак. Одговарајќи на прашањето каква е можна казна за малолетниот К.К., таа објаснила дека за него нема репресивна казна, а со него се занимаваат и институциите за социјална заштита.