ГРОЗОМОРНА СНИМКА КРУЖИ НА ИНТЕРНЕТ! Млада девојка го поддржува и му се восхитува на момчето кое го изврши масакарот во Белград: “Тој ќе излезе надвор, а тие ќе останат под земја!“

На Интернет кружи грозоморна видео-снимка на која се гледа како девојче го поддржува ученикот кој го изврши масакрот во училиштето во Врачар, Белград.

Во средата во раните утрински часови се случи голем крвав настан во основното училиште „Владислав Рибникар“ кога момче, ученик од седмо одделение, извадил пиштол и ги застрелал чуварот, наставничката по историја и присутните ученици. Во престрелката загинаа осум деца и еден чувар, додека наставничката по историја и шест ученици биле ранети.

На социјалните мрежи има се повеќе луѓе кои за жал го поддржуваат чинот на ова момче, а едно видео шокираше и згрози многумина од регионот. Една девојка се снимала во живо на социјалната мрежа Тик Ток и зборувала за масакрот во основното училиште кој ја потресе не само цела Србија туку и регионот и Европа. Девојката изговорила грозоморни зборови, а некој го фатил моментот кога рекла дека го поддржува ученикот кој го направил ужасот.

Тој ќе излезе, но тие од сандаците никогаш нема!“, рекла девојката и на тоа почнала да се смее, додека музика свирела во позадина. Тогаш таа со потсмев кажала: „А, вие што палите свеќи, кому ги палите свеќите“, а потоа употребила погрдно име за децата кои ги загубиле животите во масакрот.

Во коментарите на видеото кое се емитувало во живо, некои молчеле на тоа што го кажала девојката, а некои дури и дале поддршка. Видеото нема да го објавиме бидејќи е вознемирувачко!