ДУЊА ИЛИЌ ГО ВИДЕЛА БРАТОТ ПО 28 ГОДИНИ: Пејачот ги откри деталите од емотивната средба „Не се сетивме“
Пејачот Никола Колани Стефановиќ откри дека по три децении ја запознал својата сестра Дуња Илиќ , а нивната средба била емотивна.
– Се собравме јас и Дуња. Инаку, јас сум интуитивна личност и знаев дека нешто ќе се случи и дека таа ќе ме контактира. Поминаа неколку дена од моето гостување во „Гранд Магазин“, пристигнаа известувањата на мрежите и нејзиното следење. Таа сега се вика Ајла Беговиќ, што не ни го знаев. Потоа на својата приказна објави дека се што кажав претходно е вистина и така стапивме во контакт – рече Колани и додаде дека средбата после долги години била емотивна.
– Разменивме телефонски броеви и по неколку дена се видовме. Се изназборевме како да се гледаме еднаш годишно, а не по 27, 28 години. Во принцип, бевме многу млади и не се сеќававме еден на друг и периодот на растење со нашите баба и дедо. Потоа, со текот на времето, низ разговор почнавме да се сеќаваме на некои настани – рече Колани и додаде дека првата средба била проткаена со посебни чувства.
– Отидов по Дуња во куќата што и беше на баба ми. Тоа беше своевидно сеќавање, се будеа емоции , како од песната „Тополска 18“ – рече Колани.