Д-р. Илир Демири назначен за нов директор на Клиничката болница Тетово 

Доктор Илир Демири денес е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово.

Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот. 

Од Министерството за здравство информираат дека доктор Илир Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор. 

Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Илир Демири е добитник на титулата ‘Европска личност за 2020 година’. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Доктор Илир Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести“, велат од Министерството за здравство.