ЕВА ЛОНГОРИЈА ПРЕДИЗВИКА БУРА НА МРЕЖИТЕ ПОРАДИ ИЗГЛЕДОТ! Никој не го очекуваше ова, се ишишала на „МИК ЏЕГЕР фризура“

Сите зборуваат за новата фризура на Ева Лонгорија!

Ева Лонгорија (48) направи голема промена во изгледот и предизвика вистинска бура на мрежите! Додека некои пишуваат дека со новата фризура „симнала десет години од лицето“ , други истакнуваат дека „не можат да ја препознаат и мислеле дека тоа е Сандра Булок на фотографиите“. Актерката се појави на настанот „La Cena“ во Лос Анџелес кој ги слави уметниците од Латинска Америка во Холивуд. Наместо локни, фризурите се главна тема во светот!

Ева се одлучи за тренди рунтава варијанта што означува „бушав“ стил. Косата е исечена на слоеви, извиткана во мали локни и има шишки. За тоа е задолжен фризер Димитрис Џанетос, кој своето ремек дело го сподели на Инстаграм. Тој ја нарече новата фризура на Ева „ Мик Џегер“ . Тој објасни дека е инспириран од косата на Мик Џегер, и дека смета дека тоа ја прави Ева уште поубава.

Многумина коментираа дека новата фризура на Ева предизвикува бунтовничка нота, рок изглед и ги истакнува нејзините прекрасни црти на лицето. Оваа промена беше големо изненадување за сите фанови на Ева, па на коментарите им се нема крај. „Убава е“, „Одличен избор“, „Каква промена, добар потег“, „Мислев дека е Сандра Булок на сликата“, „Сè и одговара“ , напишаа многумина. Што мислиш?