ЕВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШЕТО ТЕЛО КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЛЕБ: Промените се видливи ВЕДНАШ, ќе се шокирате

Една од омилените намирници што ја консумираат Македонците е лебот

Речиси и да нема оброк со кој не јадеме леб, а познато е и дека токму оваа храна е еден од факторите кои влијаат на дебелината.

Умереноста е клучот за успехот кога станува збор за слабеење, но кога имаме свеж леб пред нас тешко е да му одолееме, а често го консумираме во неконтролирани количини.

Често можеме да слушнеме колку луѓе, водени од лично искуство, препорачуваат исфрлање на лебот од исхраната, бидејќи на тој начин наводно се забрзува процесот на слабеење, а освен тоа, еве што се случува во организмот кога не јадеме леб:

1. Слабеење предизвикано од таложење на вода во телото

Лебот е полн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање ќе се забележи на телото во вид на слабеење. Но, не станува збор за моментално слабеење, туку за губење на водата која се акумулира во телото, пишува 24 sedam.rs.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе од неговата тежина во вода.

2. Помала потреба за храна

Познато е дека јаглехидратите предизвикуваат ненадеен пораст и скок на шеќерот во крвта, кој потоа нагло опаѓа, предизвикувајќи глад и потреба за храна. Ова е уште една причина зошто лебот влијае на килограмите, бидејќи е полн со јаглехидрати. Тоа, се разбира, не значи дека лебот треба целосно да го исфрлите од исхраната, туку само празните калории и белиот леб да ги замените со леб од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Зголемена енергија и подобро варење

Белиот леб, за разлика од црниот или интегралниот леб, не содржи влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето на храната. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми. Откако ќе го отстраните белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во вашата секојдневна исхрана, варењето почнува да работи нормално и лесно. Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако е квалитетен, мозокот работи нормално, без пречки, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, предизвикувајќи чувство на слабост и замор.

И диететичарот Кејси Барнс исто така потврдува дека е важно да се консумираат јаглени хидрати умерено.

„Со вклучувањето на овие намирници во вашата исхрана, ќе внесете доволно влакна, железо, фолна киселина и магнезиум, ќе бидете сити и ќе имате доволно енергија. Запомнете дека ниту една храна не е лоша сама по себе, важно е само да имате рамнотежа и да одредите кои порции се најдобри за вас“, вели таа.