Еве какво образование има завршено Јелена Карлеуша!? Се зборува дека ја избракале од оваа гимназија (фото)

Иако со години е на јавната сцена и ни се чини дека сите ја знаат, многумина не знаат колкаво образование има Јелена Карлеуша.

Јелена уште на млада возраст знаела дека сака да пее, веќе на 16 години го снимила својот прв албум. Таа била одлична ученичка во основно училиште, но не се снашла најдобро во средното училиште.

– Со задоволство се сеќавам на Земунската гимназија, особено на класот и на директорот, кои беа одвратни. Не е точно дека ме избркаа од тоа училиште , јас ја напуштив од неколку причини.

Драгана Мирковиќ, Концерт, Јелена Карлеуша

Не дозволуваа девојките да се шминкаат, не смееја да носат мини здолништа, не смееја да имаат руса коса, не смееја да зборуваат на час, не смееја да јадат на час – рече Карлеуша, која заврши само прва година во Земунската гимназија.

Во втора година се запишала на Политехничкото училиште во Нов Белград, машинство, но и таму не останала долго. По само три месеци се префрлила во туристичко училиште кое го посетувала вонредно.

Јелена еднаш призна дека бидејќи не завршила факултет, таа била „црната овца во семејството на академските граѓани“.