ЕВЕ КАКО ЗАПОЧНА ЉУБОВТА НА НИКОЛА И НАТАЛИЈА ЈОКИЌ! Асот на Денвер емотивен како НИКОГАШ: „Сè во мојот живот се случи така…“

Никола Јокиќ со години доминира во НБА лигата, а голема поддршка има во својата избраничка Наталија . Сега центарот на Денвер за прв пат отворено проговори за нивната љубов.

Тој се најде во подкастот на Мајкл Портер Џуниор и му откри како ја запознал Наталија.

– Ја познавам од 14, 15 години. Таа живееше пет минути од мојата куќа, бевме пријатели неколку години, а потоа кога дојдовме овде почнавме да се забавуваме и таа играше одбојка во Оклахома, па имавме врска на далечина. Не знаев дека ќе биде така, но едноставно се случи. Сè во мојот живот се случи така, неочекувано, полека и нагорно. Никогаш не сум имал големи соништа. Се помина во најдобар ред – искрен беше Никола Јокиќ.

Да потсетиме, ноќта меѓу четвртокот и петокот Денвер го совлада Мемфис со резултат 142:105, а Јокиќ одигра речиси перфектен меч и го оствари својот 11-ти трипл-дабл сезонава за 30 минути игра.

Постигна 26 поени без промашување! Тој ги погоди сите 11 удари од поле, реализираше три слободни фрлања од исто толку обиди, а на овој учинок додаде 14 скока и 10 асистенции.