Еве како изгледаат најскапите чевли на светот: Чинат 20 милиони долари! Имаат посебен начин на испорака и се направени поради оваа причина (фото)
Во светот на модата и луксузот, сензација која ја тресе светската сцена на чевли од 2017 година се чевлите Moon Star на италијанскиот дизајнер Антонио Виетри, кои ги маѓепсаа сите љубители на луксузот.
Светот на гламурот се збогати со овие најскапи чевли на светот, чија потпетица е изработена од чисто злато, предната страна е украсена со 30 карати дијаманти и парче од аргентинскиот метеорит од 1576 година.
Виетри ги дизајнирал златните чевли пред 6 години, кои на сопствениците им биле доставени со хеликоптер. Тие беа претставени за првпат на јахта, во една од најинтригантните метрополи во светот – Дубаи. Тие се симболично дизајнирани по моделот на Бурџ Калифа, во чија форма е направена петицата на чевелот.
Цената на овие ексклузивни чевли е неверојатни 20 милиони долари по пар, што ги прави не само најскапите женски чевли на планетата, туку и вистинско уметничко дело на високата мода.
Брендот Moon Star привлекува богати муштерии и вистински љубители на луксузот ширум светот.