ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАА ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ НА АЛМА АРАЗИ И Нејзините ДЕЦА: Објавени снимките: Ги држеше за раце, а потоа ги однесе во СМРТ!? (ВИДЕО)
Албанските медиуми објавија снимки од последните моменти на 39-годишната Алма Арази и нејзините три деца, пред да се удават во реката Бојана.
Видеата ги снимиле камерите на околните фирми, по проверките што ги извршиле полицијата и Обвинителството за расветлување на овој настан.
На една од снимките се гледа моментот кога Алма со трите деца се разделила од снаата со дете, откако излегле од локалот каде пиеле кафе околу 20:09 часот.
Роднината на Алма, откако застана и ги размени последните зборови со Алма, го извади нејзиниот телефон и се чини како да комуницира со некого. Потоа заедно со своето дете тргнува на пат во друга насока.
Камерите снимиле дека Алма потоа во 20 часот и 21 минути дошла на реката Бојана. На видеото се чини дека тие не скокнале од мостот, туку дека мајката ги спуштила децата под мостот, и можеби ги однела до брегот на реката и евентуално ги турнала во водата!? Но еве што може да се види на снимките.