Еве како изгледал Жика Тодоровиќ пред 54 години: Актерот сподели фотографија од детството, сите го забележаа ова (фото)
Актерот Срѓан Жика Тодоровиќ се повлече од светот на актерството по трагедијата што го снајде во 2017 година, но затоа е активен на социјалните мрежи каде споделува различни фотографии од детството до фотографии од снимањето и со најблиските.
Овојпат тој сподели фотографија од 1969 година, кога имал 4 години (роден е во март 1965 година).
„Не чепкај го носот, Срѓан“, стои во описот на фотографијата, а многу следбеници на Срѓан биле воодушевени од објавата и многумина коментирале дека тој неверојатно личи на својот татко Боро Тодоровиќ.
„Легендата е беше татко ти, а и ти си… немам зборови” ,,Ти се поклонувам и ти благодарам што постоиш”, ,,Цел си на татко ти нека му е лесна земјата”, напишаа луѓето, а фотографиите добија над 10.000 лајкови.