ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА И КАДЕ СЕ НАОЃА НАЈВАЛКАНАТА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА, што се случува со ЕГЕЈСКОТО МОРЕ? (ВИДЕО)
Крит е познат по своите прекрасни плажи, со чисто море и мек песок. Некои делови од брегот, сепак, се соочуваат со сериозен проблем на загадување, предизвикано од оние кои ги користат крајбрежните области, но и од нивниот транспорт до плажите од морето, пишува Грција Инфо и ја опишува плажата Аналукас, која се наоѓа во Ласита, како највалкана плажа во цела Грција.
Сепак, не се работи за ѓубрето што го оставаат посетителите на таа плажа – веќе никој не доаѓа на неа – туку отпадот го носи ветерот и силните морски струи и завршува таму – Аналукас покажува колку ѓубре и пластика лебди во сините води на Егејското Море.
Секојдневното таложење ѓубре не дозволува користење на плажата и повеќе наликува на ѓубриште отколку на плажа, иако неколку еколошки организации се обидоа да ја исчистат. Залудно. Последниот обид за чистење беше на крајот на 2017 година, но до август 2018 година, плажата повторно изгледаше како депонија, повалкана од било кога.
Во областа каде што се наоѓа плажата Аналукас, недалеку од Ситија, се наоѓа напуштената населба СОЕ, која некогаш била туристички комплекс. Иако постојат можности за опоравување на населбата и нејзино враќање како туристичка дестинација, според планираното, еколошкиот проблем што постои на плажата го оневозможува тоа. Погледнете го видеото од највалканата плажа во Грција на Крит, која каналот на Јутјуб Хаанити ја сними со дрон.