ЕВЕ КАКО СЕ ОДНЕСУВА ЖЕНА КОЈА ИЗНЕВЕРУВА: Психолог откри детали на кои МАЖИТЕ мора да обрнат внимание

Психологот дава увид во тоа како телото ги одразува последиците од прељубата и како жените се трудат повторно да се поврзат со своите семејства и сопрузи.

Ви го пренесуваме текстот на Олга Кеслер , руски психолог, која подлабоко ја разгледува темата за женската прељуба:

“Често се смета дека мажите практично не простуваат женско неверство. Сепак, моето долгогодишно искуство во работа со жени кои ги изневерувале своите сопрузи покажува поинаква слика. Многу мажи исто така се подготвени да простат изневерување и да ги задржат своите жени во брак, овие жени се соочуваат со големи предизвици кога се обидуваат да ги вратат телото и душата во семејството.

Еден момент менува сè. Кога една жена го изневерува својот сопруг и одлучи да го напушти семејството, нејзиниот сопруг почнува да се менува. Таа е изненадена од промената во однесувањето на нејзиниот сопруг. Некогаш нервозен и лут човек станува нежен и чуствителен. Тој лази пред неа, и носи цвеќе, ја отвора вратата, ја носи на вечера, сака секс секоја вечер. Така се однесува за да и покаже дека не смее да си оди бидејќи би изгубила нешто вредно.

Тогаш жената почнува да размислува да остане со својот сопруг. Размислува за децата, за годините поминати во брак, за заедничкиот дом. Можеби треба да останам за нив…

Кога една жена ќе раскине со својот љубовник и ќе одлучи да се врати кај своето семејство, се случува нешто друго. Денот минува како и обично, но ноќите… Ноќите стануваат агонија. Нејзиното тело не реагира на нејзиниот сопруг. Нејзиниот сопруг станува одбивен, бакнежите ја мачат, неговиот допир ја вознемирува. Таа се обидува да испие една или две чаши вино за да се опушти, но нејзиното тело се спротивставува. Телото се бунтува…

Секс

Ако и каже на пријателката за тоа, може да добие совет да издржи, дека со тек на време се ќе се врати во нормала.

Но, само психолог може навистина да ја разбере таа жена. Психологот може да каже дека таа е нормална жена и дека нејзиното тело бара среќа. Таа заслужува љубов. Причините за нејзиното заминување се уште постојат, а телото се сеќава на нив. Иако сака да се залажува, телото не го прифаќа. Постојат два начина за излез од оваа ситуација:

Да го остави сопругот и да живее свој живот.

Или да побара подолга терапија за да ја надминете состојбата со тек на времето“.