ЕВЕ КОИ 8 ШОКАНТНИ РАБОТИ СЕКОЕ БЕБЕ ГИ ПРАВИ ВО СТОМАКОТ НА МАЈКАТА: Мајките не се свесни за ова, а една работа особено ги изненадува сите!
Дали бебињата навистина нè слушаат додека се уште се во стомакот на мајката , дали се смеат и дали можат да видат нешто , што прават кога ќе им се формираат екстремитетите, дали едноставно лебдат мирно во плодовата вода или наоѓаат ‘занимање’ за да помине времето до раѓањето? Ова се прашања што ги интересираат многу идни родители.
Секоја недела, бебето расте и се менува. И како што расте, ги развива моторичките вештини , па почнува да „игра“ во стомакот, но и да ги исполнува физиолошките потреби. Во продолжение ви ги претставуваме осумте најчести активности за бебиња во стомакот, за кои можеби не сте знаеле дека бебињата ги практикуваат пред раѓањето.
- Кога јадете одредена храна, плодовата вода исто така може да го промени вкусот. На пример, лукот, анасонот, слаткото и ѓумбирот ја менуваат плодовата вода, па и бебето ги чувствува овие вкусови.
- Бебето ќе ги отвори очите за прв пат во 28-та недела. Тоа нема да може да гледа многу, но ќе почне да реагира на светлина во третиот триместар.
- Околу 30-тата недела, бебето има мала нужда, односно почнува да произведува урина.
- На само 9 недели бебето почнува да дише, пренесува порталот „roditelji.edukacija.rs“.
- Верувале или не, бебето сè уште може да се смее во утробата, а тоа обично започнува околу 26-та недела!
- Икањето исто така не е непознато за бебињата во утробата, а може да се случи секојдневно во вториот дел од бременоста.
- Да, бебињата можат да плачат дури и додека се во утробата. Иако тивко, можно е да се слушне плачот на бебето преку ултразвук.
- За крај, и најубавото, бебето се поврзува со мајката во утробата и во последните 10 недели активно го слуша мајчиниот глас.