Еве колку години навистина има Сања Кужет, а изгледа многу помлада

Водителката Сања Кужет изминативе денови беше во центарот на вниманието, откако ја напушти домаќинската позиција во Ѕвезде Гранда и замина на заслужено породилно отсуство.
Сања го очекува третиот син со бизнисменот и маркетинг директор Немања Живојиновиќ.

Сања е една од ретките дами од домашната сцена која отворено призна дека по првото породување направила естетска корекција на градите и дека се останато на нејзиното тело е сосема природно, а својата витка линија и младешки изглед и ги должи на редовните тренинг, здрава исхрана и генетика, па многу луѓе се прашуваа колку години навистина има Сања.

Сања Кужет е родена во Белград на 9 август 1983 година од татко Далматинец Милован и мајка Црногорка Верица, како помлада ќерка на споменатиот брачен пар, кој има и постара ќерка Сандра.

Сања израснала во белградската населба Баново Брдо, каде покрај градинката и предучилишното образование ги научила и првите балетски чекори, додека основното училиште и првото музичко образование (за клавирскиот оддел) го добила во населбата Миљаковац.