Еве колку чекори дневно ви се потребни за да останете здрави! Не е тоа што мислите

Помалку од 5.000 чекори дневно се доволни за одржување на здравјето и добрата форма, покажува најновата студија, иако до сега преовладува мислењето дека се препорачуваат 10.000 чекори дневно.

Студијата на американски и полски научници, во која беа анализирани повеќе од 226.000 луѓе ширум светот, покажа дека 4.000 чекори дневно се доволни за да се започне со намалување на ризикот од прерана смрт од која било причина, објави Би-Би-Си.

Нешто повеќе од 2.300 чекори дневно се доволни за здраво срце и крвни садови, велат истражувачите, истакнувајќи дека колку луѓето се поактивни, толку повеќе придонесуваат за нивното здравје. Студијата исто така покажува дека секои дополнителни 1.000 чекори над 4.000 го намалуваат ризикот од прерана смрт за 15 проценти.

Тим од Медицинскиот универзитет во Лоѓ во Полска и Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс во САД откриле дека пешачењето има корисен ефект врз луѓето, без разлика на пол, возраст или каде живеат. Сепак, најголемите здравствени придобивки се забележани кај оние помлади од 60 години.

Научниците истакнаа дека не само лековите можат да придонесат за здравјето, туку дека исхраната и вежбањето се подеднакво, па дури и повеќe ефикасни во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести и продолжување на животот.

Според Светската здравствена организација, недоволната физичка активност е одговорна за смртта на 3,2 милиони луѓе секоја година, што е четврта најчеста причина во светот.