Додека Карлеуша се подготвува за промоција на албумот, Душко ги однесе ќерките надвор од Србија! Се дозна каде ги однел и како ги поминуваат деновите (фото)

Врската меѓу Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша заинтригира многумина, но иако не се знае каква е состојбата меѓу нив, познато е дека и двајцата ги обожаваат ќерките Атина и Ника и се трудат да им дадат сè што сакаат.

Tака сега, додека Јелена се подготвува за издавањето на албумот, Душко ги однесе наследничките на одмор во Грција.

Според информациите, поранешниот фудбалер ужива со Атина и Никs во еден од најскапите хотели во Грција, каде ноќевање, за овој период од годината чини 5.000 евра.

Душко е максимално посветен на своите наследнички, па никогаш не се одвојува од нив, а кога ќе го поминат денот уживајќи на плажа и во базен, одат и го обиколуваат градот.

-Го видовме Душко со ќерките и тој е толку внимателен кон нив што се изненадивме. Се разбира, секој родител ќе биде внимателен кон своите деца, но не се одвојува од нив! Девојките се преслатки, тие се толку убави и љубезни. Зборуваат и англиски, па многу учтиво комуницираат со персоналот. Се гледа дека се и добро образовани – вели изворот на Телеграф.

За седум ноќевања во овој луксуз во август треба да платите околy околу 31.600 евра.

Со оглед на тоа што Атина и Ника ќе останат со татко им подолго, бројката ќе биде многу поголема.