ЕВЕ КОЈ МУ ПОМОГНАЛ НА УБИЦОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ ДА СЕ СОКРИЕ! Ново експресно полициско апсење

Најмладата жртва на масакрот кај Младеновац е 15-годишно дете.

Дедото на младиот Урош Блажиќ (21), кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на Танјуг од Крагуевац .

Осомничениот Урош Блажиќ се криел кај дедо му каде го пронашла полицијата.

Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во основното училиште во Белград, синоќа се случи уште една работа. Напаѓачот Урош Блажиќ пукал во селото Дубона, каде уби млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.

Според досегашните податоци, најмладата жртва е 15-годишно дете.