Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи доста убедливо против Адријан Манарино со 3:0, во сетови 6:0, 6:0, 6:3 и со тоа се пласираше во четвртфиналето на првиот Грен слем турнир во годината, каде ја брани титулата освоена минатата година.
Се очекуваше малку потежок меч, но Новак се погрижи тоа да не се случи, „го стави во петта брзина“ и многу лесно врзуваше поен по поен, натпревар по натпревар и извојува нова победа во Австралија, најлесната оваа година на турнирот.
Со пласманот во четвртфиналето убава бројка собра и Новак Ѓоковиќ кој со победата против Манарино заработи 253.688 долари.
Освен тоа, Новак одбрани 400 нови АТП поени, од 2.000 што ги одбрани од минатата година.