ВИДЕО | Новак со надреален резултат го совлада Манаринo и се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен

Светски тенисер Новак Ѓоковиќ на надреален начин се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Ѓоковиќ во осминафиналето го совлада Французинот Адријан Манаринo со 3:0, по сетови 6:0, 6:0, 6:3.

Новак во четврт-финалето ќе игра против подобриот од дуелот Тејлор Фриц – Стефанос Циципас.

Тенисерот број еден во светот победи по еден час и 45 минути и по 14-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, каде ја освои 10-тата титула.

Седум пати го брејше сервисот на Манарино, кој не направи ниту еден брејк и ја забележа петтата победа во петтиот меѓусебен меч.

Тоа беше 32-та последователна победа на Ѓоковиќ во Мелбурн.

Ѓоковиќ по 58. пат стигна до четвртфиналето на Грен слем турнир, израмнувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер.

Новак ги доби првите два сета за само 67 минути.

Српскиот ас продолжи и во третиот сет добивајќи го 13. гем во низа, но потоа Французинот го доби првиот гем во мечот.