ИЗГОРЕ ЦЕЛ СТАН ПОРАДИ ПОЛНАЧ?! Се огласи жената кај која изби страшен пожар: Децата заборавија да го исклучат од струја

“Од лоша инсталација изгоре целиот стан. Во моментот на пожарот во станот бил вклучен само фрижидерот, а момчињата заборавиле да го исклучат полначот. Тој полнач се запалил поради лоша инсталација”…

Ова на својот Инстаграм профил го напиша Александра М., чиј стан во Вождовац изгоре во понеделникот вечерта, откако избувна страшен пожар.

– Драги добри луѓе, фала богу сите сме добро – напиша таа.

Пожарот избувнал во стан на седми кат во улицата Војводе Степе. Соседите на таа станбена зграда за Блиц велат дека во тој стан живее семејство со два сина на возраст од 20 и 18 години, а децата излегле надвор непосредно пред да се запали целиот стан.

– Низ прозорецот извира чад, прво се запали собата, а потоа се останато. Имаше многу чад, се уште се чувствува овде. Пожарникарите брзо дојдоа и го изгаснаа пожарот, но мислам дека е веќе направена голема материјална штета. Важно е да се добро – вели сосед на ова семејство.

Да потсетиме, синоќа на улицата Војводе Степе во Белград избувна пожар во стан на седми кат од станбена зграда каде се собраа голем број загрижени соседи и сограѓани, а поради пожарот делови од терасата паднал врз автомобили паркирани пред зградата.

Благодарение на брзата акција на пожарникарите, пожарот е локализиран, а во воздухот се уште се чувствува силна миризба на горење.

Дојавата за пожарот е добиена околу 19:50 часот. Пожарот избувнал во станот на седмиот кат, а низ прозорците од станот извирал чад.

– На терен се пет противпожарни возила и 19 пожарникари кои го гаснат пожарот – соопшти МВР.