Се преселил во куќа која некогаш била црква – Пронашол тајна соба, а во неа клуч и јаже: „Ова никој не го допрел 100 години“ (видео)

Стив Дигироламо пронашол тајна соба во својата куќа која порано била црква, но изненадувањата не завршиле тука. Имено, Стив купил стара куќа и решил да ја реновира, а потоа открил тајна соба во која никој не стапнал цели 100 години.

Стив мислел дека можеби ќе најде нешто интересно внатре, па ги повикал пријателите да му помогнат да влезе во собата, која била на висина од дваесет метри. Прво ги натрупале душеците па тој некако успеал да се качи и да ја отвори вратата, но не откри што нашол внатре.

Во следното видео, тој објасни како купил скала и се качил на мистериозната врата и влегол во просторијата каде што го нашол јажето.

,,Забележав јаже на подот. Мојот пријател го следеше јажето и го повлече за да види за што служи. Беше поврзан со ѕвонче што ѕвони”, објасни тој, а потоа на видеото го покажа ѕвоното како виси.

Меѓутоа, ѕвоното не било единственото откритие што го нашол тој ден.

Ново откритие

Пронашол клуч заглавен во бравата на вратата: „Мислам дека никој не го допрел 100 години. Откако успеав да го извадам, сега можам да ја отворам тајната врата“, покажал на видеото кое собрало милион прегледи и на социјалните мрежи.

„Ништо не би допрел. Тоа е дел од историјата“, „Не менувај ништо“, „Убава соба во камбанаријата“, се дел од коментарите.