Нема да верувате без кои намирници не може Јелена Ѓоковиќ! – ,,Ова е незаменливо, а го има во секоја продавница” (фото)

Јелена, сопругата на Новак Ѓоковиќ, признава дека прави работи за своето здравје кои се чудни дури и за нејзините најблиски пријатели. Специфична е и нејзината исхрана.

Често се зборува за диетата на Новак и Јелена Ѓоковиќ, пред сè поради тоа што целосно го исфрлиле месото. Тенисерот истакна како овој начин на исхрана му помогнал да ја одржи добрата форма и здравје. Една храна е незаменлив дел од секојдневната исхрана на семејството Ѓоковиќ.

Киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои се потребни за нормално функционирање на организмот. Оваа житарка помага при варење на храната, го забрзува метаболизмот и ги топи килограмите. Бидејќи е богата со витамини, го зајакнува имунолошкиот систем, а поради високата содржина на калиум, благотворно делува на здравјето на срцето.

Јелена Ѓоковиќ користи киноа секој ден бидејќи содржи многу протеини, витамини од групата Б, диетални влакна и минерали. Киноата им дава полн вкус на јадењата, затоа ја нарекуваат кулинарско чудо, ја има во речиси сите продавници и секој може да си ја дозволи.

Ако ја додадете во зеленчукот, ќе почувствувате полн вкус што може да се добие само со готвење месо. Бидејќи нема специфичен вкус, се препорачува да додадете зачини и кромид во јадењата што содржат киноа.