Шпанија – земја во која луѓето живеат најдолго

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години, така што медитеранската земја има најголем животен век меѓу 27-те земји на Европската унија.

Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Исто така поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на што жителите поминуваат повеќе време на отворено, занимавајќи се со физички активности.

 Во медитеранските земји го цениме и општествениот живот, па затоа почесто излегуваме од луѓето во нордиските земји, кои не надминуваат по БДП по глава на жител – вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската асоцијација на кардиолози.

На второ и трето место се Италија, каде луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години.

Просекот на Европската Унија е 81,5 години.

Во Хрватска, медитеранска и средноевропска земја, луѓето живеат под тој просек, односно 78,8 години.

Долната старосна граница е во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на дното е Бугарија, каде животот во просек трае 75,8 години.

Аналитичарите сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и фактот што пијат помалку тешки алкохолни пијалоци, дека имаат солиден јавно здравствен систем, дека немаат војни со децении и дека нивната политика се стреми да го намали бројот на сообраќајни несреќи.