„Живеев за моите улоги. Само сакам да си заминам достоинствено“, рекол Жарко Лаушевиќ непосредно пред неговата смрт, пренесува Курир.рс .
Актерот Бранислав Лечиќ за Blic.rs потврди дека прославениот црногорски актер починал од рак на белите дробови.
“Имаше тешка судбина која на крајот го уби. Мислам дека последица од неговата болест беше стресот и неговата совест која го мачеше. Лебот го заработуваше надвор од Србија надвор од неговата професија. Цело време бевме во контакт. Бев среќен кога се врати на актерството.Почина од рак на белите дробови. Помина многу побрзо отколку што очекував“, изјави Лечиќ.
Потсетуваме, актерот пред два месеци беше во болницата „Бежанијска коса“ во Белград поради болест, но минатиот месец се појави на премиерата на филмот „Хероите на Хилијард“ каде публиката го поздрави со громогласен аплауз.
Веста за смртта на Лаушевиќ ја соопшти неговото семејство.