Жарко Лаушевиќ последен пат е виден пред еден месец, публиката го награди со аплауз (Видео)

Жарко Лаушевиќ последен пат беше виден во јавноста на големата белградска премиера на филмот Хероите на Халијарда пред еден месец.

Лаушевиќ, кој во филмот го толкува ликот на Коста Јовиќ, на општо воодушевување на публиката се појави на сцената и доби громогласен аплауз. Неколку дена пред тоа бил во болница поради проблеми со белите дробови. 

“Тој е силен човек, паметен, ментално многу силен. Тоа е животот, понекогаш се појавуваат тешкотии и проблеми. Тој сериозно се занимава со својот проблем. Му се молам на Бога и убеден сум дека ќе најде сила и ќе победи.” рекол тогаш режисерот на филмот Радош Бојиќ.

Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст.