ЕВЕ ШТО МАЖИТЕ НАЈМНОГУ ПРЕФЕРИРААТ НА ЖЕНСКОТО ТЕЛО: Постојат два типа, оној кој прво го забележува ЗАДНИКОТ, а другиот…

Има мажи на кои повеќе им пага во око еден адут кај жена од друг.

Авторите на блогот Gene Expression пронајдоа интересна студија од 1968 година во која научниците сакаа да видат дали постои врска помеѓу преференциите на телото кај спротивниот пол и некои други карактеристики .

Ова се нивните заклучоци накратко.

Карактеристики на мажите кои сакаат да гледаат гради

Мажите кои преферираат бујни гради почесто одат на состаноци, имаат „машки“ интереси и почесто следат спорт. Тие имаат потреба од постојан хетеросексуален контакт и сакаат да бидат во центарот на вниманието во општеството. Таквите мажи се независни, поверојатно е да бидат пушачи и имаат помала издржливост во извршувањето на физички тешките задачи. Исто така, тие често се откажуваат од своите цели.

Гради, градник, брус, бришалтер

Мажите кои преферираат помали гради во просек се во подобра финансиска состојба од оние кои преферираат поголеми гради.

Карактеристики на мажите кои гледаат задник

Големи задници претпочитаат мажи кои сакаат ред, организација и уредност. По правило, тие се подобро образовани, но зависат и од другите. Тие се посклони да се чувствуваат виновни и почесто да ги менуваат ставовите, но имаат поголема потреба за самореализација и се стремат кон деловен успех, пренесува 24сата.хр.