Минатиот понеделник Новак Ѓоковиќ влезе во 397. недела на врвот на АТП листата.
Ѓоковиќ е прв со 11.045 бодови. Зад него е Карлос Алкараз со 8.625 поени.
Тие двајца се единствените кои одлучуваат кој ќе ја заврши годината на прво место.
Алкараз беше поразен во второто коло на АТП Мастерсот во Париз и со тоа го заврши учеството на претпоследниот турнир во годината. Шпанецот во Париз одбрани 180 поени, но загуби 170 поени поради предвременото излегување.
Од друга страна, Ѓоковиќ со победата во Париз ги одбрани 600-те бодови освоени лани во Берси и заработи дополнителни 400.
Практично, тоа значи дека на Новак Ѓоковиќ му треба само една победа на завршниот Мастерс во Торино за да го обезбеди првото место на крајот од годината.
Со тоа дефинитивно би ја надминал магичната бројка од 400 недели на врвот на АТП листата, а со оглед на тоа што до крајот на Австралија опен што ќе се игра во јануари следната година, нема да има поголеми промени на АТП листа, не е исклучено да достигне 410 недели на врвот.