ЕВЕ ШТО ПРАВИ ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ДОДЕКА СВЕТОТ БРУИ ЗА СОПРУГАТА: Принцезата се појави со него во јавност, а ова не го дозволи

Принцот Вилијам синоќа беше на церемонијата посветена на заштитата на животната средина и борбата против климатските промени, наградата Earthshot во Лондон. Претходно, тој присуствуваше на прославата на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија во британската престолнина, каде го предводеше британското кралско семејство со кралицата Камила. Тој вчера се појави со сопругата Кејт Мидлтон пред замокот во Виндзор , во автомобил , принцезата од Велс ја сврте главата кога помина покрај фотографите. Нејзиното појавување следеше по скандалот со фотошопираната слика на неа и нивните деца , Шарлот, Џорџ и Луис, на неодамнешниот празник Денот на мајката.

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам

Кејт Мидлтон рече дека несоодветно ја уредила сликата како аматерски фотограф и се извинила за тоа . Експертите го оценуваат ова како добар потег, но нагласуваат дека треба да се објави фотографија што не е фотошопирана бидејќи е загрозена довербата на јавноста во Палатата . Засега одлуката е тоа нема да се случи.

Среде скандалот за чудна слика и сомнежите за тоа што се случува со принцезата, која е поврзана со бројни теории на заговор поради мистеријата за закрепнување и лекување по операцијата на стомакот (16 јануари, Лондон), извори блиски на Меган Маркл и принцот Хари се смеат на нејзиното фотошоп фијаско, пишува Page Six додека Вупи Голдберг доаѓа во нејзина одбрана и истакнува дека таква лоша среќа може да му се случи секому и се има случено претходно во кралското семејство и немало помпа.

Во меѓувреме, Вилијам ја продолжи својата борба за екологија , тој ја започна споменатата церемонија или иницијатива во 2020 година со десетгодишна цел да ја подобри ситуацијата. Тој рече дека оваа деценија е клучна во таа борба .

Принцот Вилијам

А кралицата Камила продолжила со своите ангажмани и се појавила синоќа на церемонијата на Денот на Комонвелтот во Марлбору Хаус, пишува Дејли Мејл.