Еве што се заработи Ѓоковиќ во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не го заврши натпреварувањето во Монте Карло како што се надеваше.

Тој во полуфиналето по три сета беше поразен од Каспер Руд, но и покрај тоа го подобри бодовното салдо на АТП листата.

Тој освои дополнителни 310 бодови и со тоа си го обезбеди останувањето на врвот на листата најмалку до 20 мај.

Што се однесува до паричната награда, Новак во полуфиналето на Монте Карло заработи 274.425 евра.

Во финалето од 15 часот се среќаваат Стефанос Циципас и Каспер Руд , кои ќе имаат шанса да ја освојат титулата мастерс.

Инаку, победникот ќе заработи 919.075, а второпласираниот 501.880 евра.