ЕВЕ ШТО СЕ ПИШУВА ВО КНИГИТЕ КОИ НОВАК ЃОКОВИЌ ГИ ЧИТА СЕКОЈ ДЕН: Тие реченици се неговиот најголем мотиватор и ги повторува постојано, дали по ова помалку ќе го сакате!?
Ова се омилените книги на Новак Ѓоковиќ.
Знаеме што сака да јаде Новак Ѓоковиќ, какви часовници носи и за што му служи „црната плочка“ на градите, но дали знаевте што сака да чита секој ден големиот тениски шампион?
Новак Ѓоковиќ влезе во листата на најдобри на сите времиња кога го освои рекордниот 23. Грен слем трофеј во Париз. Од тој момент, секој сегмент од неговиот живот повторно беше во фокусот на интересот на светската јавност, а потоа се појави видео во кое Новак зборува за тоа какво читање преферира.
„Сакам да го читам Јован Деретиќ, кој пишува за старата српска историја. Тоа е нешто што секогаш ми е во куферот кога патувам“, рекол Новак и со таа изјава го инспирирал создавањето на клип кој малку нè доближува до историјата на Јован Деретиќ.
„Пред ширењето на Римската империја, универзален јазик беше српскиот. Еве еден пример: во Македонија дојдоа персиски пратеници. А Александар (Македонец), кој е млад човек во тој момент, разговара со нив без никаков преведувач или толкувач, директно, на кој јазик? Па, на српски“.
„Писателот на Илијада и Одисеја ги опиша патувањата на Одисеј, значи Хомер, прашање е дали е тоа Хомер, Омер“, вели водителот во клип од емисијата, а Јован Деретиќ додава: „Момир, Момир!
„Сите грчки богови се копија на српските богови. Аполон е српски бог, а божицата Геа е српската Гаја“.
Во продолжение на видеото, Јован Деретиќ објаснува како Грците го добиле името затоа што биле крадци и ограбувачи – грки/горки и открива дека Исус Христос проповедал на српски јазик.
Кој беше Јован Деретиќ?
Јован Деретиќ почина во 2021 година на 82-годишна возраст. Неговите текстови и книги предизвикаа бројни контроверзии, а во нив зборува за постоењето на српската античка историја од 2000 година п.н.е. до VII век.
Деретиќ беше еден од истражувачите кои тврдеа дека постојат докази дека словенскиот расен и етнички елемент бил континуирано присутен на европскиот континент – особено на Балканскиот Полуостров – во период од најмалку два и пол милениуми.
Главен предмет на неговото истражување е српската античка историја, која не е препознаена од официјалната историографија. Неговите текстови зборуваат за постоењето на српската античка историја од 2000 година п.н.е. до VII век, кога Србите според официјалната историја дошле на Балканот заедно со другите словенски народи.
Деретиќ е роден во 1939 година во Оровац кај Требиње.
Студирал на Природно-математичкиот факултет, а во 1963 година ја напушта СФРЈ и заминал прво во Франција, каде студирал на Техничкиот колеџ во Париз, а потоа историја во Лион. Работел како инженер во Франција и САД. Во Белград се вратил во 1997 година. Зборувал шест јазици, а користел латински и старогрчки.
На парламентарните избори во 2000 година стана пратеник од редовите на Партијата на српскиот напредок, чии кандидати беа на листата на Партијата за српско единство на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Тој го основа Здружението на граѓани на Слободна Србија во 2011 година.
Треба да се истакне дека мнозинството истражувачи и историчари го сметале Јован Деретиќ за псеудо историчар и јавно говореа дека неговите тврдења немаат основа и дека тој ги прекршил сите правила на критичко методолошко истражување. Но, неговата литература за Ѓоковиќ е омилена и тој е голем фан на овој “квази историчар”.