Европа ита во нова војна? Руски воен брод пукаше врз германски хеликоптер над Балтикот, стравот од ескалација расте
Руски воен брод пукаше врз германски хеликоптер над Балтичкото Море, предизвикувајќи нови стравувања од ескалација на конфликтот.
Екипажот на рускиот брод пукал со сигнална муниција кон хеликоптерот кој бил во извидничка мисија.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го спомена овој инцидент на маргините на состанокот на НАТО во Брисел, но не даде никакви детали.
Бербок најави дека дополнително ќе го зголеми мониторингот на цевководите и каблите за податоци во Балтичкото Море поради зголемената руска саботажа.
Таа посочи дека секогаш има бродови кои пловат низ Балтичкото Море се обидуваат да ги заобиколат санкциите наметнати на Русија од инвазијата на Украина.
Употребата на сигнална муниција е, патем, вообичаена само во итни ситуации.