Европа ја чека тотален политички хаос: „Ќе ви кажам точно што ќе се случи ако Лукашенко умре!?“

Руските владини извори, исто како и белоруските, целосно негираат какво било влошување на здравствената состојба на Лукашенко

Гласините за здравствените проблеми на белорускиот претседател Александар Лукашенко ја поттикнаа демократската опозиција во егзил да почне да работи на плановите за потенцијално брза и хаотична промена на власта во Минск.

На работ на демократскиот самит во Копенхаген во понеделникот, белоруската продемократска лидерка Свјетлана Тихановска изјави за Newsweek дека состојбата на Лукашенко не се смета за опасна по живот, но дека неизвесноста околу неговото здравје брзо ги зголемува изгледите за политички хаос во Белорусија. Според неа, неговите сојузници во Русија првенствено ќе се обидат да ги искористат превирањата, па затоа не гледа причина зошто и „непријателите“ на диктаторот во странство не се подготвуваат за такво сценарио, јавува Слободна Далмација.

За здравјето на Александар Лукашенко (68) во последните недели многу се шпекулира. Се започна со неговото појавување на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, каде набљудувачите забележаа завој на десната рака на деспотот. Лукашенко отсуствуваше на дел од церемонијата на Црвениот плоштад и беше единствениот лидер на Комонвелтот на независни држави на чело со Русија, кој годинава не положи венец на гробот на непознатиот херој.

До овој понеделник Лукашенко не беше виден во јавноста речиси цела недела, а во неделата ја пропушти и годишната церемонија на која младите се заколнуваат на верност на белоруското знаме. Белоруските опозициски медиуми објавија дека Лукашенко викендов, наместо режимски настан, посетил клиника во Минск.

„Сè укажува на тоа дека има потреба од многу брза реакција во случај да се случи нешто“, рече Тихановска, алудирајќи на изгледите за ненадејно губење на власта на Лукашенко, преку смрт, здравствена неспособност, државен удар или доброволно предавање. Сепак, во владините структури ќе владее ненадеен и непредвидлив хаос. Русија секако ќе сака да се меша во процесите, а белоруската опозиција мора да има подготвена рамка како да дејствува во овие околности. Доколку се отвори можност, предупредува опозицискиот лидер во егзил, времето ќе биде од клучно значење.

Интересно е што изворите на руската влада, исто како и белоруските, целосно демантираат какво било влошување на здравствената состојба на Лукашенко. Константин Затулин, заменик-претседател на Комитетот за Заедницата на независни држави на руската Државна дума, јавно ги отфрли и ги исмеа сите извештаи дека Лукашенко боледува од тешка болест.

„И покрај фактот дека на човекот му се слоши, тој сметаше дека е негова должност да дојде во Москва и да се врати истиот ден вечерта за настаните во Минск“, изјави Затулин за рускиот медиум „Подиом“. Тој забележува дека претседателот е „веројатно само малку уморен и настинал, и тоа е се“.

Инаку, новинарот Макс Седон од Фајненшл Тајмс на Твитер објави интересно видео кое на критичарите на Лукашенко требаше да им докаже дека белорускиот владетел е жив и здрав, а го објави неговиот табор. Сепак, на него тешко се слуша како Лукашенко зборува, а ни тој не изгледал баш добро. Исто така, тој се уште го има завојот на раката што ги започна гласините за неговото лошо здравје.

Александар Лукашенко владее со Белорусија со железна тупаница речиси 30 години. Тој се смета за нелегитимен претставник на една демократска земја од 2000 година, кога набљудувачките мисии за прв пат забележаа флагрантно фалсификување на гласачкиот процес и отворено политичко насилство во Минск. Оттогаш ЕУ, САД и Велика Британија не го сметаат Лукашенка за легитимен претседател, но тоа не му пречи премногу. Тој во повеќе наврати јавно се нарекува себеси „последниот диктатор“ во Европа.

За време на целиот период на неговиот деспотизам, тој беше главно лојален руски пион и ја наследи буквално сталинистичката репресија врз политичките противници и повидливите критичари, слободните медиуми. Тој фрли стотици новинари во затвори, илјадници од нив протера надвор од границите на Белорусија и не се двоумеше да пресретне меѓународни авиони (Рајанер) со цел да ги фати повидливите и, за неговиот режим, поопасни противници. Десетици новинари и опозициски политичари исчезнаа без трага во Белорусија на Лукашенко, открија меѓународните организации за човекови и граѓански права.

Кога еден ваков долгогодишен затворски и тоталитарен режим ќе пропадне преку ноќ, со смртта на главниот затворски чувар на нацијата, хаосот и крвавите настани при можни државни удари се повеќе од веројатни. Особено во контекст на крајните намери на главниот сојузник на Лукашенко, Путин, кому белорускиот диктатор за последниот роденден му подари трактор со бормашина, со што влезе во антологијата на суровиот слуга на Кремљ, како и во песна и евровизиска легенда, пренесува Слободна Далмација.