– Во акцијата што ја спроведоа безбедносните единици на седум земји, во координација на Полициската организација на Европската Унија (ЕВРОПОЛ), уништена е мрежа за шверцување дрога и оружје на Балканот.
Приведени се 37 лица.
Од ЕВРОПОЛ соопштуваат дека во акцијата учествувале припадници на безбедносните единици од Хрватска, Словенија, БиХ, Холандија, Италија, Белгија и Германија.
Во соопштението што го објави ЕВРОПОЛ се наведува дека е уништена мрежа што се занимавала со трговија на дрога и оружје на Западен Балкан.
ЕВРОПОЛ информираше дека се приведени 37 члена на мрежата, од кои 15-мина се уапсени и додаде дека во акцијата се запленети 148.000 евра, 15 килограми дрога, 12 парчиња оружје, големо количество куршуми и експлозив.
Покрај тоа, безбедносните сили при претресот пронашле и полициски униформи и лажни лични карти.
Во соопштението се наведува дека лидерот на мрежата, државјанин на Босна и Херцеговина, се наоѓа во затвор во Италија поради правосилна казна затвор од четири години и дека оттаму управувал со активностите на организацијата во Европа.