ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕД ИСТОРИСКА ОДЛУКА – Унгарија поради потезите на Виктор Орбан може да остане без право на глас !?

Членовите на Европскиот парламент собраа доволно потписи за историска петиција со која се бара да се укине правото на Унгарија и на претседателот на Владата на оваа земја, Виктор Орбан, да гласаат за одлуките на Европската унија.

Информации за собраните потписи објави претставникот Петри Сарвамаа, кој вели дека со овој чин се на чекор до отстранување на Виктор Орбан од гласање.

Собрав 120 имиња од повеќе земји-членки и пратенички групи. Ви благодариме на сите што ја поддржаа оваа историска петиција. Поддршката за идејата на петицијата треба да биде потврдена на пленарна седница што е можно поскоро. Тоа би можело да биде веќе следната недела, бидејќи Европскиот парламент тогаш ќе гласа за резолуцијата за Унгарија. Се преговара за содржината на резолуцијата“, вели Виктор Орбан.

Инаку, во петицијата се повикува претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, да преземе чекори согласно член 7. од Договорот за Европската унија во однос на Унгарија.

Започнувањето на процесот според член 7. го означува првиот чекор за утврдување на постоење на сериозно и постојано кршење на вредностите на ЕУ. По потврдување на таквото прекршување, тоа им овозможува на земјите-членки да преминат на вториот чекор кон членот 7. од Договорот, што потенцијално може да резултира со суспензија на одредени избирачки права на Унгарија.

Европратениците истакнаа дека овој чекор е неопходен за заштита на вредностите на Европската унија.

Унгарија постојано беше критикувана за нејзината ерозија на владеењето на правото, особено по акциите на Унгарија да го наруши одлучувањето на земјите-членки на декемврискиот самит. Нашата главна задача е да го заштитиме европскиот начин на живот и демократија. Со отпочнување на процедурата според член 7. од Договорот за Европската унија, би испратиле јасна порака до Унгарија дека нејзините постапки се неприфатливи“, изјавија претставници во Европскиот парламент.

Инаку, членот 7. од Договорот за Европската унија е познат и како клаузула за суспензија, која дозволува можност за суспензија на членството во ЕУ доколку земјата сериозно и упорно ги прекршува принципите на кои се заснова ЕУ.