Европскиот совет ја повика Атина да го заштити турското малцинство

Европскиот совет ја повика Атина да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права наменети за заштита на етничкото турско малцинство во Грција, турската заедница од 150.000 жители на североистокот на земјата.

На состанокот во Стразбур, Франција, Министерскиот комитет на Европскиот совет изрази длабока загриженост по 15 години од јасните пресуди на Европскиот суд за човекови права, бидејќи сè уште нема регистрација на малцинските групи, додека турската унија Искече останува незаконски затворена.

Во соопштението, телото на ЕУ вели дека и покрај усвојувањето на законите од страна на Грција во 2017 година со кои се дозволува продолжување на релевантните судски случаи, апликантите од турското малцинство ги имаат исцрпено сите можности што им се достапни во рамките на домашниот систем.

Европскиот совет го повтори својот повик до грчките власти за итно преземање мерки за правата на турското малцинство, нагласувајќи дека слободата на формирање здруженија во една демократска држава има фундаментално значење, како што се нагласува и од Европскиот суд за човекови права.

„Се повикуваат (грчките) власти да ги разгледаат без натамошно одлагање сите можни начини за целосно и ефективно имплементирање на пресудите на Европскиот суд и спречување слични прекршувања да се повторат“, се вели во соопштението.

Комитетот, исто така, „ги охрабри грчките власти целосно да ја искористат помошта и експертизата на Советот на Европа на ова поле, за да се обезбеди усогласеност на секој нов механизам за регистрација со стандардите на (Европската) Конвенција (за човекови права).

Повеќедецениската борба за права

Во пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2008 година, е загарантирано правото на Турците во Западна Тракија да го користат називот „турско“ во името на здруженијата, но Атина не ја спроведе пресудата, забранувајќи го идентитетот на турската група.

Во грчкиот регион Западна Тракија живее турска муслиманска заедница која брои околу 150.000 жители кои потекнуваат од османлискиот период.

Во 1986 година, Турскиот сојуз на Ксанти (Iskece Turk Birligi) беше забранет под изговор дека зборот „турски“ во неговото име е незаконски.

За да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права, во 2017 година грчкиот Парламент донесе закон со кој им се овозможува на забранетите групи да аплицираат за пререгистрација, но законот вклучуваше големи дупки што ја исфрустрираа турската заедница.

Турција долго време го осудува грчкото угнетување на правата на нејзиното муслиманско и турско малцинство, од затворање џамии и училишта на турското малцинство до одбивање турските муслимани да можат да си изберат самите свои верски лидери.

ТРТ БАЛКАН