Европските земји се соочуваат со континуиран недостаток на лекови

Резултатите од истражувањето покажаа дека недостатокот на лекови во повеќето европски земји значително се влоши во однос на минатата година.

Европските земји се соочуваат со голем недостиг на лекови, што негативно влијае на пациентите, покажа неодамнешното истражување спроведено од фармацевтската група на Европската унија (PGEU). Анализирани се аптеки во 29 земји, вклучувајќи ги членките на ЕУ, но и Туркије, Норвешка и Северна Македонија.

Резултатите од истражувањето покажаа дека недостатокот на лекови во повеќето европски земји значително се влоши во однос на минатата година.

Повеќе од 600 лекови се дефицитарни во четвртина од овие земји, додека 20 отсто пријавиле недостиг од 200-300 лекови, се вели во извештајот.

Три четвртини од анализираните земји пријавија дека недостатокот на лекови оваа зима беше поголем во однос на истиот период од пред година дена.

Истражувањето исто така покажа дека во аптеките ширум Европа најтешко можат да се најдат лекови како антибиотици од групата амоксицлин, кои се користат во лекување на инфекции на респираторен тракт, сирупи против кашлица кои се користат во лекување на педијатриски болести, парацетамол во облик на сируп, како и некои лекови за намалување на притисокот. Причина за недостатокот е пад на понудата и покрај растечката побарувачка.

Сезонските инфекции, особено грипот и респираторниот вирус (RSV), почнаа рано и оваа година напредуваа посилно отколку вообичаено во европските земји.

Експертите велат дека послабиот имунолошки систем е поврзан со пандемските рестрикции бидејќи луѓето не биле изложени на некои вируси во текот на овој период.

Произведувачите на лекови исто така беа неподготвени за поголемата побарувачка и се соочија со поголем број инфекции, со енергетска криза во Европа и растечките цени на суровините кои влијаат на производството.

TRT Balkan